Следната недела, кога возрасните влегоа во куќата на доктор Ауербах, а децата трчаа по градината, јас го замолив Рајнер да си играме со нашите сенки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас сакав да го прашам што е тоа што го израдува, а и тој како да сакаше да ми каже нешто, но неговите родители, кои седеа на блиската клупа, ја забележаа промената: “Рајнер се насмевна,” викна мајка му, татко му дотрча, но тагата одново беше паднала по лицето на нивниот син, и неговиот поглед се изгуби во празнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)