Ајде, совземи се и да прошетаме уште малку и да се прибираме, оти ако татко види дека нѐ нема, тешко си го нам.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Кога во изразот на лицето и држењето на таткото виде колку му е непријатно, рабинот побрза да додаде дека тој не верува во тие озборувања, но дека сепак, самото кружење на зборот по чаршијата може да му штети на угледот на чесното семејство на Шабтај бен Јехуда4. Така стариот метлар самиот ја дозна вонбрачната приказна на син му.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)