Денес колонска вода се произведува во модерни фабрички простории, но постои едно правило: рецептот за производството да се чува во специјален сеф како тајна која може да ја дознае само наследникот на Фабрикантот и никој друг.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ги тркалаше Стомачето очите, секогаш кога ќе откриев некоја од тајните кои вешто, а понекогаш и не толку вешто ги криеше од другите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Една од големите тајни која ја криеше како змијата нозете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Основната предност на начинот на кој прагматистите ги изложуваат овие учења е што тие објаснуваат дека тоа не се длабоки тајни кои не можат да се отклучат, тајни коишто феминистите мораат да ги знаат за да успеат.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Беше една од повеќето тајни средби со него во која не ми беше откриена тајната која за некој ден ќе ја открие целиот свет...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат ме испрати до излезот на резиденцијата крај која имаше засилено обезбедување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настаните на чардакот и откриените знамиња на Мајка се случуваа во времето кога Татко чувствуваше дека му се затвора засекогаш школката на животот и дека беше дојдено времето да ги ослободи од себе сите свои тајни кои ги потиснуваше дури во дното на својата душа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но Мајка имаше и своја „грчка љубов” која се роди во душата во раните години на нејзиниот живот и која содржеше лични тајни кои беа често во расчекор со Татковото поимање на балканската историја...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа криеше големи тајни кои, за нас, нејзините деца, останаа засекогаш закопани во нејзината пословична тишина која небаре остана и нејзиниот дефинитивен јазик. Мојот Мајкин јазик на тишината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Твоето име нема да биде заборавено, зашто ти беше сиот вдаден да го видиш она што другите не можеа да го видат; да го чуеш она што другите не можат да го чујат; да го насетиш она што другите не можат да го насетат; да навлегуваш во тајните кои на другите не им се достапни.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)