тајна (имн.) - за (предл.)

Таму сега се криеше и тајната за иднината на нашето семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И сите тие заедно низ себеси ја проповедаат големата тајна за чистата твар на зборот, за блажената вода и за ужасната топка на мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Чувствувам дека за него, потеклото на страста беше боженска и недостапна тајна за кратковечната човекова мисла.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На прагот на Атеистичкиот музеј уште еднаш ми проблесна во сеќавањето татковата тајна за неговото враќање од Цариград во родната земја Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сезаме, отвори се, беше непозната тајна за него, беше игра на лотарија со недостижна премија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тајната за чудниот продавач со модар прстен на малото прсте од левата рака, не им ја кажав на моите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И тајната за тоа лежеше во дното на неговата душа и тој се движеше како во некој самрак, што некогаш се закануваше да се згусне во темница, нешто што никогаш не се случи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кога веќе сѐ ќе стане заборав, пепел во човечка черупка во која во исто време се населуваат нови чуда, ќе остане само сеќавање за писмото на Рубина Фаин и прашање какво било и какво е, ако е сѐ уште живо, она јапонско дрво кое е и пак не е тајна за денешниот човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мојот живот, бидејќи се случува во другиот, станува тајна за себе самиот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Трајчеица не дојде кај тебе Васке за да ја оцрни Рајна туку за да купи уште некоја тајна за однесувањата на нејзиниот Генерал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко знаеше дека имаше уште многу тајни што можеше да ги дознае од својот руски пријател, тајни за минатите и за идните времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)