Рецитаторите и литератите подготвија извадоци од творбите на писателката што ги изучуваат во наставата по мајчин јазик: Топлата прегратка на Гоцевата мајка, Ѕидовите на Пела, Милосија, Водоскоци, Скалила.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Секој херој од творбите на Набоков може да стане изразувач на авторските погледи, во таа смисла зборовите на неговите херои се унифицирани, но не треба врз таа основа личностите да се делат на „чисти“ и „нечисти“.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Песната беше неочекувано добро, дури восторжено, примена од критиците во литературната дружина, што инаку несомнено повеќе уживаа да срежат некоја жалосна творба на духот, да ја исмеат заедно со нејзиниот творец, отколку да ѝ признаат какво да е достоинство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)