твој (имн.) - тело (имн.)

Мраморно Море,94 жед Ја држам в раце Убеден дека е Мојата Скришна Жед. таа Таа гори Јас горам Јас догорев Таа гори. повеј моме Мириса твоето тело Мириса моето тело Ех, каков повеј Од животот И Смртта.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Зошто за некои луѓе е толку тешко заљубувањето, дури и страсните романтичари преку лириката ги изразуваа, излеваа страстите и чувствата во совршена уметничка форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И што ако моите сетила ме излажаа, што ако постоењето на твоето тело е привидно и постои во мојот сон, го сонував ли твоето сенишно постоење, но мислата дека постоиш е доволно силна причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, и покрај сите промени што ги претрпе твоето тело и лицето од болеста, твојот став, твојата убавина, твоите ширум отворени зелени очи откриваа дека си бил многу убав човек, но и дека сѐ уште си убав.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Среќко: Тоа сакав да ти го кажам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога неговиот питон би го сошиле врз твоето тело тоа би било вистинско чудовиште на доктор Франкенштајн, хахахаха! Дики се смешка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Препушти ги деловите на твоето тело да се раздвојат, а во средната точка на мозокот достигнувајки нирвана која ги судира генеричните синапси, како енергијата што кинетички патува од јон до јон, образувајки празнини кои те исполнуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
-Старче, да те прашам! Зошто твоето тело не се огледува во езерото? – се осмели Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Бидејќи духот е околу деветпати поголем од твоето тело, се наоѓа во и околу телото.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Не ме разбра! Прашав, зошто твоето тело не се огледува во водата? – го повтори прашањето Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Да бидам сонце што ќе го згрее твоето тело..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Би сакала да сум цвеќе во милувки да те галам да бидеш ноќна птица кога телото твое жар ќе жари ко змија со јазикот да пијам сок од твоето тело и така в бессоница да те милувам тебе мојот најсакан цвет што рози и ме мори да бидам патник и тебе те гледам да бидам сонце да го стоплам твоето тело, би сакала, би сакала да си мој!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ти си далеку од мене но сепак чувствувам, нежност блика од твоето тело.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога ќе се сетам дека сум можела сè да Гледам, од твоето тело опколена како Земјата од Космосот како водата од копното, не можам о не можам да се успокојам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можев да видам како други љубовници, фатени под светлата, бегаа гологази низ расфрланото ѓубре оставено од ордите а измамнички сокриено од ноќта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ни се прилближуваа фарови, се прекрстуваа рефлектори, се вртеа сини светла додека надоаѓаа полициски возила.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Престани! „Што?“ прашав, сѐ уште бесполезно туркајќи како да не те слушнав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, Боже!“ ти крикна, кревајќи се. „Што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одтрепкувајќи го слепилото, се стркалав од твоето тело сопирајќи се на коленици и се чувствував толку беспомошен колку што само разголеноста може да те направи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)