театар (имн.) - е (гл.)

Во такви услови, она што му останува на театарот е да се приклучи на сценските изјави кои го доближуваат до ритуалот и игрите во кои доминираат визуелното и звукот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби затоа што сум поклоник на ставот на Џулијан Бек дека театарот е простор каде се спуштаат боговите и играат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бидејќи театарот е поле на кое јас би сакал да биде регистрирано моето творечко битисување, апологетите на мојот став ќе ги барам токму кај него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Накратко, политичкиот театар е: „Напредно театарско движење кое се појавува во Германија после Првата светска војна“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со тоа не сакаше да каже дека театарот, како и црквата, ја има моќта за искупување на гревови, туку дека одењето на театар е исто како и одењето во црква- свечен чин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)