Ако кажам оневозможува, тоа не треба да значи граница, пропаѓање, туку дека текстот има смисла, бидејќи диференцијата или делењето или распрскувањето - прават извор.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Иако рака на срце, многу ставови од неговиот текст имаат свој (далеку од весел, но зарем сатирата е само церење и клештење на забите?) одраз не само во руската, но и во нашата стварност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Берѓаев: “Утопиите се страшни зашто се остваруваат”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На тој начин креативноста престанува да се лоцира во чинот на продукцијата, а „употребата“ престанува да биде (не)препознавање на естетските намери.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во врска со сето ова, како податок лично за себе, ќе кажам дека меѓу моите текстови има малку такви што се врзуваат во метафорика, и воопшто по изразните својства, со македонската народна поезија. т.е. што се пишувани , по обичното велење, во духот на народната поезија“, вели поетот Блаже Конески, соопштувајќи ни одредени посебности од неговиот поетски опит.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Самиот чин на „употреба“ добива на вредност како сензуално-когнитивен чин на апропријација на некој текст или пракса.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Бездруго овој текст има за вас посебно значење зашто со него, како мото ја започнувате книгата Атеистички музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)