Според тантричката традиција, во оваа област на телото престојува Заспаната змија (Kundalini sakti) - исто така поврзана со воскреснувањето и бесмртноста - и со чии што моќи се постигнува индивидуацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И во алхемиската традиција овој дел од телото има подеднакво богати конотации.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Застануваше пред огледалото и размислуваше која посебна карактеристика на нејзиното лице или на нејзиното тело има некаква одбивна моќ.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Гладното и полно со болни превивања тело имаше само еден единствен начин за да ја испрати таа продолжена темнина, за да ја превиди и да се скрие од неа, а тоа беше сонот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дојде времето, за жал тоа мораше да дојде и за Арафат, кога човекот кој во својата душа и врз своите плеќи ја чувствуваше сета тежина на големиот мит, на легендата, колку и да беше силен духот во својата алхемија, хемијата на телото имаше свои крајни граници, особено кога беше нагризено, тоа мораше еднаш да попушти, да се урне...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, за волја на вистината, мора да се рече дека изненадувањата кои ги приредува животот се вон метафизичките сфери, тие се и во жестоката реалност на антагонизираниот свет, во судирот на протагонистите на непомирливите разлики.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дали се жалеа? Дали се превиткуваа од болка? Дали молеа? Во нивните осакатени тела имаше сѐ.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Помисли дека има два живота; дека неговата душа има две тела; дека неговото тело има две души; дека има способност да умножува светови и го греат две сонца...
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
И јас, и Васе и другите другари на секој дел од телото имаме по некоја лузна или сини колтаци, а кошулите и палтата се раскинати од дрпање.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Бронхитис
- психотворба -
Ја признавам дијагнозата.
Телото има ред познати реакции
на познатите болести.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)