Нешто, некоја милина како да ѝ кацнува по телото надолу со намера да се крене некаде одоздола и да ѝ надојде во градите, па длабоко воздивнува на нос, по што нешто како да ѝ заигра длабоко под папокот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)