Јас би сакал, но не како книжевен критичар, да се задржам на доминантните идеи–теми кои произлегуваат од ова искуство и кои блескаат во ова дело.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Познатата теза на Френцис Фукујама од крајот на дваесеттиот век е една од темите кои вршеа големо влијание на литературата кон крајот од дваесеттиот век.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Постмодерната теорија за историјата како фикција која не подлежи на вистина туку на спекулација, една е од доминантните теми кои Бунар ги преиспитува, а сомнежот, како неизбежен мотив на современата книжевност, е доведена до перфекција со посредство на неверодостојнливите наратори во чии искази не може докрај да се верува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Онде пак кога говори за една Франција или Германија, за Турција или Амстердам, Никола Кирков знае во овае ера на вистински поплави од информации, да избере тема која се наложува со нејзината автентичност и значење.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Одеднаш, од една назначена херметика, речиси без причина, јас излегувам од неа и се расфрлам со теми кои се надвор од концептот, кои ја назначуваат хетерогеноста и како да го разнишуваат хомогенитетот на овој мој ракопис.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се разбира дека е погрешно да се гледа „Етант доне...“ како нешто малку повеќе од обичен визуелен документ за врската меѓу Дишан и Марија Мартинс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нивото на свесност ги дава значењата изведени од ликовите и од читателите преку “размислување” за настаните и темите кои се откриваат преку нивото на акција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нивото на свесност е составено од интерпретации на ликовите во нарацијата, и од оние на читателите, кога тие на покана од писателот, навлегуваат во свесноста на ликовите. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 45
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не само што таблото зависи од теми кои Дишан ги начнал во претходните свои дела, туку и во финалната верзија тој свесно ги отстранил сите преостанати лични референци во „Етант доне...“ и неколку години по конечното прекинување на нивната врска (нејзиниот маж го преселил целото семејство во Бразил) Дишан изгледа дека го сменил идентитетот на женската фигура, менувајќи ѝ ја бојата на косата така што повеќе да одговара на бојата на косата на неговата идна жена Алексина Матис (позната како Тини), со која се оженил во 1954.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Едноставно ќе си го предавав предметот, ќе си ги користев расправите за да ги истражуваме средишните прашања за машкиот геј-субјективитет кои ме збунуваа, ќе ми доаѓаа разни идеи, хипотези и решенија, ќе ги обработував со една генерација студенти, па одвреме-навреме, кога ќе ме заблеснеа мигови на просветлување, ќе си објавував огледи на таа тема.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сметам дека моите напори се надоврзуваат на нивните, а не дека ги одменуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А додека се трудев да ги одговорам неодговорливите прашања што си ги бев зацртал, почнав многу да им се восхитувам на претходните писатели на темава кои успеале да дадат видливи одговори и убедливи толкувања на машката хомосексуалност како културна практика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, штом толку се озлогласи предметот, јасно беше дека тука ќе мора да правам многу повеќе за да го оправдам целиот проект – да се зафатам со темата на некој издржан, макар и делумен, начин и да дојдам до некои вистински одговори.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тесна врска со религиозното чувство кое провејува низ книгата - кое не го загрозува, туку само го зголемува нејзиниот уметнички впечаток - е темата на „божјите луѓе“ како комплементарна со тоа чувство, теми која е централен лајтмотив на оваа книга.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во една од студените вечери додека го пиеја чајот со рум, Јана прва ја начна темата која речиси два месеци висеше во воздухот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Овој разговор како да беше најкраткиот пат за да се приближи до вистинската тема која ја засегаше Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека го пиеше, воопшто не ја начнуваше темата која сите ја очекуваа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ни во еден момент не ја започна темата која можеше да ја разоткрие нејзината тајна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја одолжив посетата колку што можев повеќе, а додека водев мошне жив разговор со министерот, на тема која знаев дека секако ќе го заинтересира и возбуди, целото внимание ми беше насочено кон писмото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со овој систем би се избегнале трошоците и неефикасноста на државната контрола, а не би се охрабрувало постоењето на било каков црн, а можеби и сив пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Конечно, со тоа би се потврдила максималната важност на индивидуалната слобода, што претставува значајна тема која обично се превидува во расправите за наркоманијата. 77 за Наспроти тоа оваа стратегија би можела да има значајни негативни последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ние употребуваме биполарни конструкти за да ги претставиме забележаните сличности и разлики меѓу настаните, и потоа да ги организираме овие репрезентации во кохерентни облици или „контексти” во чии рамки ние ќе бидеме во состојба да откриваме теми кои се повторуваат во нашето искуство со текот на времето, и потоа да ги испратиме овие репрезентации напред во форма на очекувања на идните настани.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој потоа рече дека Татко со идеите на Фаик Коница за супериорноста на природните над вештачките јазици, за кои добил поддршка од авторитетните умови на времето како Гијом Аполинер, Реми де Гурмон и други, веќе проникнал во успешното толкување на релацијата вештачки јазици-јаничаризам во генералната тема која им беше од заеднички интерес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека си разговараа за нивните заеднички теми кои не беа малку, се појави Тодор, кој им се приближи и седна со нив.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Си замислуваше дијалози, теми кои таа би ги започнала, кои тој би ги започнал.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
В. Клисаровски, Петровски – цит. статија. 18. Што се однесува до темата која беше отворена во јавноста, за „регресот за годишен одмор“ т.е. популарно наречениот К-15 – треба да напоменеме дека, досега, ниту еден македонски ЗРО не ја регулираше оваа метерија!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Чудната Јамка е една од темите кои најчесто се среќаваат кај Ешер.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во неговите графики се среќаваат копии од една единствена тема кои честопати се здружени едни со други, што ги прави споредливи со каноните на Бах.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Така на пример, Кант за не(среќа) вели дека за нештата по себе не може да се зборува, на тој начин зборувајќи за нив; или Витгенштајн од Tractatus-от објаснува извесни факти за структурата на јазикот, светот И врската помеѓу нив, со поента дека таквите факти не можат да се изразат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Очигледно е дека овде постојат општи теми кои заслужуваат внимание; сепак, сега немам намера да расправам за нив.1 Мојата цел е да проценам (или барем да започнам со тоа) на кој начин еден современ философ се вклопува во оваа схема: Дерида.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој смета дека кога не би постоеле некои зборови што го имаат добиено значењето по директен пат, непосредувани со други зборови, тогаш тврдењата не би имале одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)