Исто така Милер известил дека на Заседанието одржал говор и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој нагласил дека “партизаните на македонската армија се подготвени за понатамошни операции против Хуните во правец на Берлин“.305 Текот на Заседанието со особено внимание бил следен од претставниците на британската и американската воена мисија во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
311 Оваа констатација ја потврдил и Маклин кој на 2 февруари 1945 година го известил Министерството за надворешни работи дека тоа го потврдил и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој изјавил дека во Македонија „сé уште постои лошо чувство меѓу Србите и Македонците“ како остаток од претходната политика на “српскиот централизам“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Делењето и парцијалните “grupetti” во траењето и нулите во темпото кои ги воведува Волф одат на спротивна страна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)