Тие потенцирале дека „меѓу српските и македонско-словенските ‘партизани’ и бугарските левичари во 1943 год., се чини, имаше повеќе одушевеност за една социјална револуција отколку за националните држави“, а истото го заклучиле и за Грција и Албанија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тој контекст тие истакнале дека за разлика од "традиционалните интереси" што ги имале балканските држави, на Балканот се "развија, особено од 1941., во и околу Македонија силни револуционерни тенденции кои, се чини, ги прекинаа историските граници и националните антагонизми на Балканските Словени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Да ги напишал своите раскази само врз основа на сопственото искуство - без увид во оние раскажувачки тенденции кои се вообличија во текот на целата втора половина на ХХ век - не ќе можел да ја фати онаа развојна нишка во наративното опитство чија среќа симбиоза во неговото раскажување ќе стане толку очигледна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)