Низ дијалог, терапевтот и Џон заедно ја идентификуваа „способноста за шегување на сопствена сметка“ како нова димензија во личниот развој на Џон која би му отворила нови хоризонти, недостапни за татко му.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тие предизвикуваат љубопитност кај терапевтот и кај клиентите, за алтернативните модуси на постоење. Тоа не е било каква љубопитност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тераписките практики на кои укажувам како на деконструктивни им помагаат на индивидуите да се одвојат од начините на живот и мислење за кои оцениле дека се исцрпувачки за нив и за другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Психотерапијата е место каде се очекува терапевтот и учесниците да бараат објаснувања за проблемите од психолошки домен, додека пак човекот кој што бара помош од медицински практичар, објаснувањата на проблемите ги бара во физиолошкиот домен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)