Уран и Геа имале многу синови и ќерки... но Уран бил тиранин кој ги угнетувал своите деца...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Од владеењето на Бургиба длабоко навлезен во деветата деценија на животот стануваше јасно дека тој не беше исклучок на вистината дека нема тиранин кој признава дека старее.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А кога се соочувам со нивните апсурдности – им велам дека тоа се глупости.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
XXVII Следејќи ја палестинската драма, по падот на бургибизмот во Картагина се соочував со сјајот и бедата на источните владетели во судирот со модерните времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој внимателно ја избриша плуканицата со марамче, и продолжи: “Пациентите со душевни нарушувања го мразат својот лечител, во него гледаат Бог кој ги казнува, тиранин кој не им дозволува да се оствари нивниот свет – но јас не ги спречувам нивните изливи на бес, јас ги слушам кога ме проколнуваат или навредуваат онака како што би слушал некого кој е надвор од Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)