толерантност (имн.) - и (сврз.)

Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кому требаше да му служи овој вероцид против толерантноста и соживотот на албанскиот народ во историјата?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како такви, овие места можат да демонстрираат поголема толерантност и можат да служат како „инкубатори на општествени промени“, како последица на послабиот традиционализам и постојаната конфронтација со другите култури. 3.3 Простор на моќ Способноста на границите да вклучуваат и исклучуваат, асимилираат и екскомуницираат, т.е. да дисциплинираат, покажува дека тие секогаш вклучуваат односи на моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За разлика од газдата на арабаџиите, макар останати без некогашното богатство, тројцата стари играчи остануваа со непроменлив ведар дух, трпеливост, толерантност и здржаност пред значајните одлуки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)