Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Па, ти не си нормална! Моиве да ме пуштат, па небото ќе се сруши, земјата ќе престане да се врти. На топ ќе ме качат ако спомнам.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)