торта (имн.) - и (сврз.)

- Ајде, дувај ја тортата и замисли желба! - викнаа неколку нејзини другарки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ЉУБА: Да - и малку страшно... Влегуваат Марфа со тортата и Антоњина Павловна со овошје.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најумните деца (Петар и некоја Цвета) слаткарите ги обеспокојуваат: - Бесплатно да се делат торти и корнети, настојуваат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кога мислат дека е нивниот ден, а всушност е само најнервозниот во животот во кој ќе се избакнат по 7 пати со истите луѓе - кога ќе дојдат, кога ќе речат „ДА“, па уште еднаш кога ќе речат „ДА“ во црквата, па кога ќе се фотографираат, па кога ќе им го предаваат пликот, а тие под прстите, од дебелината веќе знаат колку им се блиски или далечни, па кога ќе се разигра невестата и кога тие истите, од многу мерак дека ептен добро играла, ќе ја зашлапаат по трипати по образите и по шминката која дебело си ја платила... сѐ до бакнувањето заради тортата и бонбончињата!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)