Две мали црни точки кои едвај се одделуваа од сината боја на небото, се покажаа на северната страна. Борко го закова погледот за нив.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Следејќи ги во летот, дури како точки кои се губеа во далечниот хоризонт на реката, Мајка полетуваше во мислите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сѐ се гледаше, сите рампи, осветлените докови... светлата на бродовите кои поминуваа... големата игра во сите бои... како точки кои се бараат на дното на црнилото...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бев видел веќе многу како си одат, бродови и патници... едра... пареи...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Отпрвин тоа се бавни кругови околу Неда, но со време тие стануваат сѐ помали, додека тој не стигне до точката која е центар на кругот, веднаш зад Неда.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Писателот суштински почнува да исчезнува, на некој начин станува анонимен, и тука доаѓаме до онаа точка која литературата во хипертекст на разни нивоа ја поврзува со усмената литература.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Едноставно, лешникот, онака заоблен, мазен и тврд попрво би отскокнал отколку што би се распукнал од ударот, сечилото само би го допрело и би се одбило, освен ако не удри точно во онаа точка која е самиот, најосамен врв на лешникот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)