трага (имн.) - од (предл.)

Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се нишавме двајцата во самарот, стиснати еден во друг, врели од возбуда која не смеевме да ја покажеме, та молчевме или само повремено ќе изговоревме по некој збор, за да ја свртиме трагата од возбудата за која бевме свесни и за која знаевме дека е забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се појавија и уличните чистачи, кои ги собира остатоците од камења, испокршени стакла од шишињата, па и сѐ друго што останало тука, како трага од демонстрациите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се завртевме веднаш во правецот на кој ни покажуваше тој, но не видовме ниту трага од планина, ниту трага од било каква височинка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ние Грците се сметаме за луѓе научени на комуникации, на овој остров особено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хрисостом на грчки значи Златоуст”.  „Во вашиот германски не се чувствува ни трага од грчкиот”, му рече есесовецот.  „Во изговорот, можеби.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како момчиња си ги доверуваа своите први љубови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го нашле и Толета во Полчиште, и бидејќи не можел да докаже што дошол и кај оди, го собрале и него. Но никакви траги од убиството не нашле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На јужната страна на валогот, таму каде што поточето веќе навлегуваше во Рамните Ливади, во папратот што пред десетина години го разорале за да садат компири, откриле траги од некаква стара населба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па и денес местото се вика Велков Гроб, иако денес таму не може да се распознае никаква трага од некаков гроб.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пееше со жар и задоволство од старите времиња, со длабок и треперлив глас што содржеше траги од некогашен импресивен баритон.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ќе се вратите – ќе забележите само траги од нашата љубовна луња смрзната на каменот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Тоа е така затоа што непознатото содржи секогаш траги од познатото“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Мора да се следи отисокот на зборовите, трагата нивна во каменот, оти друг начин нема, оти и ловецот по својот елен оди по трагите од нозете, по следите негови“, велеше Филозофот на нашето чудење од каде му истекна таква ука да чини умножение на таков начин, таму каде рака човечка и калем не достигаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ја врати назад на масата, забележав дека на неговите раце немаше ниту саѓи, ниту траги од јаглен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Траги од стапалата по германските калишта од долниот тријаски период.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Траги од пет прсти, како отисок од рака. Кирооотеериум! Ратататата!“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И кога стигнав до неа, откако ја отворив, се свртев, и видов како Ева ја дои Амалија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледајќи си ја дланката на која беше невидливата трага од усните на Ева, бавно тргнав кон вратата низ која се излегуваше од бараката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во овој случај, а за разлика од Чапек, ние дознавме што се случило со оној што ги оставил стапките: откако ќе се констатира дека „во снегот се гледаат траги од стапалки кои, напросто, мамеа да бидат следени... “ ќе се заклучи дека човекот од снег „зачекорил по воздухот и - исчезнал“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Погледот ми се губи во трагите од неговите години...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сега нема ни трага од споменикот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не знаејќи што да прават сега, кога не најдоа траги од ајдутинот и од Бошета,се здоговорија уште в сабота да заминат неколкумина во Прилеп и таму по роднини и кај светијоани да се распрашаат да не би тие ги виделе или начуле нешто за нив, за Бошета и за ајдутинот, а потоа сите зеедно отидоа дома кај Јанчевци за да му се чудат на чупалето и коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тоа што немаше ниту трага од некакво копање, никого не го интересираше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На стиснатата уста смртта ѝ стоеше како незарастена лузна, како трага од долго целивање со неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа беше една вечер кога се враќаше од планината и уморен седна крај каменливата ограда на мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утрото, додека нејзиниот сопруг во Барселона не можеше да пронајде никаква трага од неа, мораа да ја однесат во амбулантата, зашто ја пронајдоа онесвестена во локви од сопствената нужда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Без никаков воведен збор, дури и без да го поздрави, Марија го замоли да ѝ даде цигара. Ѝ даде една, ѝ ја запали, и ѝ ја подари речиси целата кутија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
При секое спуштање ковчегот оставаше отисок во снегот како последна слика и трага од Богдан.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ти ја посветувам првата пропуштена трага од сон. Те има во мене.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Никогаш во неговото лице не можеше да се наслути ниту трага од бес, лутина, омраза или неподносливост кон другиот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како можеш да ѝ се обратиш на иднината кога ни трага од тебе, па дури ни анонимен збор испишан на парче хартија, не може физички да преживее ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во неговото однесување немаше ни трага од пријателство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку и да беше предан, во него немаше ни трага од онаа исклучивост што ги одликува фанатиците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Андон мижеше и не виде каде ги закопа забите (имаше долги, ретки, диклести заби, полиени со жолта боја која по рабовите, до непцата, добиваше нијанса на кафеава, што најверојатно, беше трага од неговото претерано пушење), но Азра офна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имаше во нив и некои необични траги од жолтило.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ете ми трага од луѓе, си рекол сам со себе Силјан; арно, ами што знам што луѓе ќе бидат?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Можеби ќе помислев дека сѐ она за што ти раскажувам, сериозно ми објаснуваше мојот сосед, е обично привидение ако не откриев овде, во ровкава земја траги од патики какви што никогаш не сум носел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Светлоста е непредвидлива обнова на помнењето враќање на филмот со нејасно втиснати фигури на минатото сетни траги од изгубената слобода обид за повторно ослободување враќање назад, во убавото. Како што се враќа помнењето така се враќа - животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неговите исчезнувања се објаснуваат на стотици начини, трансформирани во фолклор, успивни приказни, суеверија...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Талка низ камењарот, бара нешто низ маховината, низ јагликите, во трагите од дивечот, влегува во пештерите, ги ослушкува знаците по ѕидиштата, го одгатнува стенкањето на коските в земи, и дури татне луњата пали огнови, запишува нешто по ридовите, зашто секоја негова стапка е некоја тајна и некој збор.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Валјата имал некој опасен загар што можел да намириса секаква трага од лиот или дивотина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како оној ден кога заборавив да ги отстранам трагите од моето истражување, па ја оставив средната фиока на брат ми растурена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И тој забележа, нормално дека ќе забележи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)