Деперсонализацијата на композиторовата улога и самоорганизацијата на структурата имаа за цел ослободување на звуците од било чии емоции, идеи, намери, проекции, а не автоматизација на композиторовата постапка, како што често погрешно се толкуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во 1948 година Кејџ беше повикан на Black Mountain колеџот да одржи фестивал и семинар на Сати-евата музика што му овозможи, претставувајќи го Сати, да ги афирмира сопствените ставови околу проблемот на времето во музиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сати и Веберн за Кејџ беа единствени композитори од западната традиција кои ја сфатија важноста на временската димензија во музиката; првиот, со ставот дека времето е рамка која треба да се исполни (со тонови), а вториот, со сензибилната организација на тоновите и паузите истакнувајќи го траењето како нивен заеднички параметар. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 173
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Малку да се проговори, а многу да се каже, тоа е нашата раскажувачка традиција која се трансформирала во скромни зборовни стебла засадени во родното огниште, кои фрлаат толку раскошни сенки што да се покрие (и да здивне од задоволство и убавина!) сиот свет со нив.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Холанд се колеба помеѓу еден радикален копнеж за субверзија на старата традиција и еден либерален копнеж за востановување на врски и можеби паритет со една традиција која не можеме да ја игнорираме.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
(29) Тоа беше стремеж и на Marcel Duchamp кога, откако раскрсти со секаков развој на сликарството од неговото време, она сликарство кое од Manet до монохромните атељеа на Matiss одеше кон тоа да го отфрли учењето за перспектива; Duchamp-овите концептуални игри и фантазмички инвестиции се обид да ѝ се врати на онаа традиција која единствена е кадарна на уметноста да ѝ ја врати загубената интелигенција и од занимавањето со уметност да направи повторлив доказ за механизмите на заведувањето.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ако зборуваме за телото се сомневам дека Источна Европа е релевантна рамка во којашто е можно да се бара алтернатива за западната традиција на однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мислам дека поинакви рамки можно е да се бараат само вон христијанската традиција која го фиксирала нашето чувство на тело, потаму на исток и во традиционалните општества воопшто коишто развиле побогата традиција на телесни техники.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Робер Мале, писател, ректор на Сорбона Овој сказ, во облик на апологија, ја илустрира верноста кон традициите кои означиле еден народ наспроти дехуманизираната идеологија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Борхесовиот заобиколен пат преку Хермес Трисмегист и митското потекло на Corpus Hermeticus е пат итро да се укаже на една маргинална, еретична традиција која исто така ја расеја метафората.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таа постапка е аналогна на Платоновиот излет кон Египет во Федар.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)