трева (имн.) - пред (предл.)

Тревата пред да нѐ зароби, времето пред да досуши, Нешто сепак се гледа зад сенките на дождовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седнавме врз зелената трева пред куќата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Околу стотина луѓе седеа на тревата пред собранискта зграда, онаа истата за која што тој инсистираше редовно да се коси.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тука имаше луѓе кои не можеа да заспијат, и луѓе кои лежеа како во вечен сон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка додека чекореше во паркот кинеше страци трева, и потоа ги расфрлаше околу себе; една старица пред заспивањето замислуваше како ја корне тревата пред својот дом, и ја расфрла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја мазнеше неговата мека козинка со својот образ, чувствувајќи како брзо и преплашено му првка малечкото срце, а потоа леко го сложи на тревата пред себе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)