трева (имн.) - не (чест.)

Почна да скока за да се врати во водата, но високата трева не ја пушташе. Скокаше, скокаше и доскока.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Не, Зоки, - вели тато, куќата и прозорците можат секако да се обојат, но тревата не може никогаш да биде црвена, ниту пак небото кафеаво или пак покривот зелен.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Чинговци беа месари, мезетеа месо и со ракија, чисто месо само печено никако варено; немаа ништо против и сирењето, особено јакото, како ни против суканото ако е мазник; додека спанаќ и други треви не сакаа ни да видат; а со очи ја јадеа рибата, од пржената пастрмка до белвицата на сач.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тревата не е легализирана но не се легализирани ни убиствата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)