Со оглед на аристократскиот дух, каков што е Marcel Duch- amp, состојбата во која се нашол сликарот во граѓанскато општество на преминот од 19. во 20. век (сеедно дали се работи за званичен сликар кој секоја година во Салонот го изложува своето дело - да ги прелистаме малку Apollinaire-овите Уметнички хроники за да се присетиме на некои денес делумно заборавени имиња, како што се Dubufe, Carolus-Duran, Dagnan-Bouveret - или за сликар од Монтмартр, чирак како Raffaellia, со кого Duch- amp, конечно, делеше сѐ во текот на последните години од своето престојување во Париз) не беше нималку подобра од фактот дека во времето на Leonardo сликарството се сметало за механичка уметност, а сликарот имал третман одвај нешто подобар од домашниот слуга или собар.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)