Со донесувањето на Законот за волонтерство волонтерите се здобија со следните права: а) пред започнувањето на волонтирањето во писмена форма да добијат опис на правата и обврските кои треба да ги исполнат и да бидат запознаени со условите и опасностите поврзани за време на волонтирањето; б) да бидат запознаени со општите акти на организаторот на услугите, односно на оние делови кои се однесуваат на волонтерските услуги, за кои се ангажирани; в) да користат средства за заштита при работа согласно со прописите за заштита при работа; г) да имаат право на обука, доколку истата е потребна за обезбедување на услугата која е предмет на договорот; д) право на отсуство за време на волонтирањето, ако за тоа постојат оправдани причини; ѓ) право на дневен одмор; е) право да бидат консултирани и информирани при одлучување за начинот на давање на услугите; ж) право на надоместок на однапред договорените трошоци поврзани со волонтерството (трошоци за храна, трошоци за превоз до и од местото на волонтирањето, трошоци за службени патувања и трошоци за обука) и з) право на заштита на приватноста и личните податоци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако не го почитува, односно го крши работното време и распоредот на работното време (чл. 259, ст.1, ал.3 од ЗРО). 6. Според ЗРО работодавачот е должен на работникот да му ги надомести и трошоците поврзани со работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Повеќе за малициозното ограничување на ова уставно право на работниците, но и за успешните приказни од штрајкувачките искуства во РМ види ја студијата Штрајк – искуства и состојби [уредник: Здравко Савески]; ДСП „Ленка“; Скопје, 2011. 4. Работодавачот, почнувајќи со исплатата на платите за јануари 2009, утврденото право на нето-плата за декември 2008-та го зголе- мува за износот на: пресметаниот данок од плата, задолжителните социјални придонеси, согласно со пропишаните законски стапки и за износот на трошоците поврзани со работа по основа на исхрана за време на работа и превоз до и од работа, пресметани согласно со закон, колективен договор и договор за вработување (нов т.е. изменет чл.3, ст.1 од ЗИП). 97 5. Европскиот суд за човекови права е постојан суд основан од страна на државите – договорни страни на Европска конвенција за заштита на човековите права и основните слободи [оваа Конвенција нашата земја ја има ратификувано во 1997-та].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со оваа измена, утврденото право на нето плата за дек- ември 2008 година се зголемува за износот на пресметаниот данок од плата, задолжителните социјални придонеси, согласно со пропиша- ните законски стапки за декември 2008 година и за износот на трошоците поврзани со работа по основа на исхрана за време на работа и превоз до и од работа, пресметани согласно со закон, колективен договор и договор за вработување, а во случајот на државните институции наведени во овој закон исплата се врши и во рамките на обезбедените средства (чл. 1, ЗИДЗИПРМ/08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот може да бара и надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Прекувремената работа може да трае најмногу 285 осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно – освен за работите кои, поради специфичниот процес на работа, не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Иако платата на работникот за работа со полно работно вре- ме не може да биде пониска од најниската плата утврдена според закон и колективен договор (чл. 107, ЗРО) – до денес [јуни 2011] во РМ не е донесен таков закон кој ја регулира материјата за т.н. „минималец“ односно најниска плата, а оваа материја не е регули- рана ниту со Општиот колективен договор за стопанството на РМ (10.VII.2009) – туку тоа е оставено да се стори со колективните договори на ниво на дејностите (в. чл. 17, ОКДС). 5. Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела, по правило, трае пет работни дена (чл. 116, ст.1-2, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)