Кога Доста рече „да втасаме порано дома“ по целата снага трпки ѝ поминаа, па си помисли во себе: „Ех, сполајмити, бре боженце, оти и за мене имало „дома" да ме прибере.“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Севда продолжи да си ја чешла косата и да си ги преплетува плетенките тука, под дивјачката, си ја чувствува леснотијата на косата што како навев ѝ паѓа преку рамената, назад под тилот по плеќите: косата нежно ја гали, благи трпки ѝ буди во телото, а како пред очи да ја гледа румената боја со којашто се украсени зреечките дивјачки, чиниш само за да ѝ го разубават денот на Севда.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)