Потоа следуваат и „вообичаените“ реперкусии за тужителот кој, нели „се дрзнал“ своите 148 законски права да ги бара преку суд: тој е викан на разговор „во четири очи“ од страна на своите претпоставени, со цел да му се изврши притисок да ја повлече тужбата; потоа, откако овие заплашувања на надредените не вродија со плод, тој е шиканиран како „нелојален предавник на фирмата“ и повеќе не му се давани никакви дополнителни ангажмани, коишто претходно вообичаено ги извршуваше и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако на првото рочиште за главна расправа, како и на некое подоцнежно рочиште не дојде тужителот кој уредно е поканет, а изостанокот не го оправдал – тужбата се смета за повлечена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал – сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во поканата за рочиште на кое ќе се сослушува странка – ќе се назначи дека на рочиштето ќе се изведува доказ со сослушување на странките и дека странката што ќе дојде на рочиштето може да биде сослушана во отсуство на другата странка (чл. 253, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А овој позитивен пример се издвојува и по навременото координирано дејствие на работниците - тужители кои, кога беа обвинети за предизвикана штета на компанијата, ги пронајдоа сведоците и земаа нивни писмени изјави, пред да помине подолго време во кое може да се манипулираат истите или, пак, да заборават детали за настанот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оти како што вели самиот: „Златна фирма ја раскрчмија, а оние кои не им одговараат ги фрлаат на ѓубриште!“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)