Беше евидентно дека вистинската публика за нив не беа земјоделците туку западните туристи кои доаѓаа да го видат комунизмот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Две децении по Смртоносна привлечност, во 2008 година пролетниот број на патописното геј-списание по име Аут травелер (произлезен од списанието Аут) на своите наводно попросветлени читатели им понуди список со одредишта битни за заедницата кои им се посветени на разни култни геј-ликови, наменети за излезени и горди туристи кои сакаат да одат на „најсовршениот геј-аџилак“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Летната сезона е завршена па нема љубопитни туристи кои бараат да пловат по кавалскиот залив.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пред катедралата седна на една клупа на топлото сонце и остана таму под блажената животворна топлина, со затворени очи, целосен странец на сѐ околу себе, неврзан и необврзан кон ниту еден од туристите кои фотографираа, кон ниту еден од жителите на градот кои одеа некаде без брзање...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Од 8 наутро па до 24 часот навечер без пауза, ги бркавме туристите кои шетаа пред плажа, за време на сончање, кога одеа на ручек во хотел „Албатрос“ и „Галеб“, се враќаа на плажа, па до крај, за да купат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Секојдневно ги гледав автобусите коишто се паркираа покрај паркот и од нив излегуваа туристи кој што цело време фотографираа.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Филмот завршува со слика од неколку патнички коли и автобуси полни со туристи кои го поминуваат мостот кај Кулата и восхитени од убавината на ова божјо катче, се враќаат на југ.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)