турцизам (имн.) - според (предл.)

Татко се залагаше за типологија на турцизмите според области, појави, додека Камилски остануваше на тоа да ја утврдат однапред листата од сто збора и да работат, без оглед на секојдневните изненадувања што ги носеше секој збор и ги водеше кон други зборови и нови области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа Камилски го претстави изборот на приоритетните турцизми според меѓусебниот договор, запирајќи на потеклото, на поранешната и сегашната присутност во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, сепак, останаа на претходниот договор, наместо по еден збор, на секоја средба да се третираат по пет, па со време ќе видат како ќе постапат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој тоа го вршеше умешно, брзо и ефикасно, што беше последица на здобиеното искуство во откривањето на најкарактеристичните османскотурски заемки за натамошна обработка според почетната замисла, но и измените до кои дојдоа во текот на работата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)