туѓ (имн.) - присуство (имн.)

Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таквиот систем на лажно јас е легло на параноидни стравови, бидејќи лесно доаѓа до тоа системот на лажно јас, којшто се шири за да опфати сѐ и од којшто сопственото јас се има откажано, сметајќи го за чисто огледало на туѓиот реалитет (објект, предмет, механизам, робот, мртовец), да почне да се смета како туѓо присуство или туѓа личност во своина на индивидуата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)