И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се стемни додека ги исшета само неколку од четириесетте, појде од Тахта-кале маалото, па по Капан-џаде и Гази-Лала, слезе на Карадак и Кебир Челеби, а додека севезден се ѕвереше нагоре, небаре од ова или она ќоше на сокаците ќе го види туљбето на Гази Баба, снегот редеше и редеше, и врз неговите опинци и опутите, и врз клепките, ушите завиткани во шал, така и врз керамидите на куќите што му се бендисаа, убави куќи, ниски и двокатни, градени цврсто од тврд керпич, од чии пенџериња го гледаа вцрвенети детски обравчиња што крцкаат оревчиња, а лушпите не ги фрлаат надвор, преку џамот, туку ги собираат и метат како што е редот на чистотата и како што игуменот ги подучуваше во манастирот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мавале доаѓајќи и се распаѓале во прав и пепел за иднината, могила или тулбе на она што било и што ќе е трева или куп непознати цвеќиња со горчлив мирис на смртта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)