Тој тогаш го раскажа она што со свои уши го чул од нив,од Бошета и од татко ѝ на Драганка, кога, како нашинец отишол да ги посети во воената болница каде што, подоцна, и двајцата умреле од раните.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со суперчувствителните уши го насетува златокрилестиот лепет на жеравите што се враќаат на своето езеро-блескав рококо-копнеж, пресечен од болникавата сенка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Оној што го застрела мислеше дека оглувел, оти неколку секунди во ушите го слушаше само ехото на истрелот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Неговиот единствен истрел по експлозијата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Требаше да не го штедиш како што тој тебе не те штеди!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А во другото уво го слушам шепотот на Боге од Бањи: „Баш убаво ја имаше смислено!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира уследи и она негово смеење, но притоа беше очигледно дека Боге од Бањи се трудеше Даскалов да не го забележи неговото присуство а уште помалку да ги слушне советите што ми ги дава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова последно испитување се случуваше денес. Или ако сакате, во денот што измина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во црквата беше тивко. Мијале клечеше пред олтарот и со стиснати дланки на ушите го лепеше челото на камениот под.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тешко му беше да ја крене главата да го извиди Илета, но затоа десното уво го имаше начулено по слух да му го расебети изгледот и табиетот на новодојдениот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Трајче го мина мостот. Ушите го болеа и му бучеа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Вечерта на концертот во ушите го чувствував кршењето на мразот таму долу.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Квечерината од вториот ден, Клара излезе да го запознае градот и топењето на мразот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)