Мртовчето седна во центарот на кругот; отсекаде гледаа пријатели. Одеднаш запеа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Устата му се чепотеше до ушите, откривајќи ги нималку детските челусти; и беше чудно што лешот има толку подвижна, жизнерадосна уста; клемпавите уши му се зацрвенија од приливот на претходно исцицаната крв; лиценцето го беше подигнал угоре, кон Бога; неживите очиња ги затвори и пееше внимателно, со труд, дури мртвите жили на вратот му отекоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
По едно време, до ушите му достигнаа и оддалечени, слаби писоци на жени и деца, што се евакуираа од градот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во ушите му ѕунеше, срцето му чукаше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Повторно очите му гледаа во фокусот и во перспективата; а ушите му ги слушаа познатите природни гласови, наместо грозоморните еха.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- А јас мравка газам, глупаво се насмевна Димко; врвовите на големите уши му се зацрвенеа од внатрешна возбуда.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Јас тепам само курви... и Срби“, се изнасмеа наглас и замина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се поднаведна кон него и на увото му потшепна: „Не плаши се од мене, дете.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Потоа во ушите му се издвои и лаење на далечни кучиња.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа волја беше исто толку јасна колку и сите Негови наредби дотогаш и сеедно беше дали ја слуша како глуво ехо во пустината или како јасни зборови што во ушите му доаѓаат одвнатре, од самото негово срце.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Обетката на левото уво му блескаше, беше грутче сонце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му реков дека и луѓето ќе појдат на лов и дека не ќе им избега.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во мигот кога земаше воздух меѓу два целува, Рада приближувајќи се до неговото уво му шепна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Исфрлуваше нешто од себе, а во ушите му удираа громови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се стиска без излез, без можност некоја за повлекување. Во ушите му ѕунат камбани.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ушите му се оптегнати и на долниот крај зафатени, без јаготка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Левото уво му беше чудно, некако врколачки зашилено, и одрано, а на 'рскавицата се сушеше розикава сокрвца. Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се навираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На работ на увото му блескаше парченце зима: сува, сапуницата беше бела и снежно невина.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се појави Лена. Ми се стори, без брзање, и туку плесна два-три пати со дланките и прибрано изговори, мирен Гаро, на што ѕверот, за чудо, се поколеба, се заврте лево-десно, а опашката и застреланите уши му се олабавија.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Од ушите му стрчеа неколку влакненца, нежни како млада трева.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Косичката веќе му ја чешла, завртува зад уши, а во ушите му провнала обетчиња од сребрени гровчиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Земјата се стресе... На Трајчета ушите му оглувнаа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Жената од АФЖ-ето се наведна до оној што седеше од нејзината десна страна и на уво му шепотеше: - Оној, што многу опитва, имај го на око.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И ушите му се мрдаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се привлече уште повеќе и клекна. Зајачето се долепи до коренот на глогот. Ушите му се слепија до грбот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)