Ќе ти одекнува во ушите уште долго. Како камбана која не престанува да чука. Како срцебиење.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Но приказната за царот Тројан и козјите уши уште еднаш, ете, се потврди.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Мостовите ги градевме со делкан камен; и сега во ушиве уште ми одѕвонува глетото и чеканот кој милиони и милиони пати ќе чукнеше додека еден мост направевме; еве и прстиве од левата рака ми останаа манливи, ми останаа собрани од држење на глетото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)