На испуканото небо висеше смрзната сенка од вчерашната зима.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Слушам... - Што слушаш! Немој да слушаш! - Слушам, та ушиве не ми се само за миење...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Онисифор со обетка на увото не е далеку.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А кога си отиде сопственикот, тој им се приближи на мајсторите: - Немаше да поверувам, ако со свои уши не го чув сето ова.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)