ужас (имн.) - ме (зам.)

При тоа ужас ме спопаѓа од беспределноста на времето што ќе ми треба за да минам низ овие темничишта, ако воопшто овој мрак има крај.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сосема е сеедно дали сум таму или овде, стравот е подеднакво силен, ужасот ме обвива како пајажина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ама, се загледам ли повнимателно и подетаљно, ужас ме фаќа!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога пак ќе ми текне дека се двоумеле меѓу Бреза и Бистра, ужас ме фаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Илјада недостатоци почнувам да откривам и колку подолго се гледам во огледалото толку понезадоволна станувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)