украс (имн.) - за (предл.)

Салата во Кучешкиот пансион искитена е со разни украси за пречек на Новата 1947 година; на преден план, на чело на долгата маса, седат сопственикот Вајс и жена му Хера; од едната и од другата страна на масата седи персоналот од Пансионот; меѓу нив и Богдан.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А, камчево личи на килибар, една смола, многу скапа и ценета, од која се изработуваат украси за прстени, ѓердани и друг накит.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Воопшто не се познава дека е од пластика ова камче на мојов прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)