Чаушот нареди да се сардиса куќата од сите страни, а еден од заптиите прати да го известат муљазимот и кајмакамот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Заптијата летна по улица нагоре и за неполни десет минути се врати со десетина другари и Чами чауш, оној истиот што го бркаше Толета со Митра.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потамина тргна по улицата нагоре, излезе над село, сврте по друга улица да се враќа и наскоро пак се најде на средсело пред продавницата што уште не беше отворена, но таму, раштркано, веќе беа наседнати пет-шест постари жени, два-тројца исто така постари мажи и едно девојче со отворен уста, убавко, но по изгледот тутулаво.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Продолжи надолу и заискачува по улицата нагоре што одеше по средината на другото маало на селото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Оној што дојде погледна по улицата нагоре, потоа пред себе, ги стави рацете во џебовите, пак ги извади и не знаеше што да прави од здодевност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Како што моторот рикна да брчи, така Иле се препали од страв, оѕверено погледна околу себе, и кога виде како децата веќе имаа спрснато да бегаат по улицата нагоре и надолу, спрсна да бега и тој, при што не потрча ни нагоре ни надолу по улицата каде што се разбегаа другите деца, туку спрсна кон реката и побегна некаде кон пералиштето и водениците и по реката којзнае каде нагоре.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Оној што дојде погледна по улицата нагоре, потоа пред себе, ги стави рацете во џебовите, пак ги извади и не знаеше што да прави од здодевност.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Баба Севда го продолжи патот по улицата нагоре, затресувајќи ја главата при секој обид да погледне подалеку од пред себе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Заоде по улицата нагоре, по работата што самата си ја знаеше што работа е и по којашто беше тргната.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кокошките на патот рипаа од место кревајќи облаци прав, а зачудените луѓе зад нив, уплашени, погледнуваа по улицата нагор чиниш да видата дали арамијата сега по нив не влегува в село.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)