Марина Џавери, италијански книжевен теоретичар и компаратист Големиот сликар, импресионистот Пол Сезан, на крстопатите помеѓу фигуративната и апстракната уметност, тврдеше дека сликајќи само едно јаболко ќе го освои Париз, со што сакаше да им покаже на љубителите на сликарството дека големата уметност може да се создава и од обични субјекти.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Изворите на терминот деструкциска уметност можеме да ги побараме и лоцираме во теориските формулации на стварните Евреи и оние Лиотарови преживеани „евреи“, и во праксата низ името на еден преживеан после деструкција: Gustav Metzger. 58 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сликарот, каков што јас го познавам, каков што бев и јас, е олфактивен тип; тоа значи дека наутро станува, има потреба за појадок, иако често не јаде, но највеќе чувствува потреба да го осети терпентинот. И таа олфактивна потреба, потреба за појадок, го поттикнува на сликање. Од олфактизмот до ретиналното задоволство, има само чекор и често кај сликарите останува на тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Буџетот за архитектура е сто пати поголем од буџетот за јавна уметност, бидејќи една зграда обезбедува нови работни места и производи и услуги кои ги зголемуваат финансиите на градот...
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Меѓузависноста помеѓу „евреите“ и „Евреите“ е релевантна за деструкциската уметност и за материјалноста на опстанокот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Робот на уметноста може да направи сѐ за уметноста да заживее на ниво на господар, то ест да зацарува.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Наместо таа да ламентира заради ова, јавната уметност може да ја искористи оваа маргинална позиција во своја предност:
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)