уметност (имн.) - кој (зам.)

Во меѓувреме ја добива Златната роза на Американската академија на уметност и книжевност. Burroughs е класик, џин на авангардната уметност кој смее да го гледа сопственото прогласување за светец.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хорст Френц оди дотаму што го усвојува терминот „уметност“, но квалификувајќи го преведувањето ниту како креативна уметност ниту како уметност која имитира, туку како некаков склоп помеѓу овие две. 28 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што невестата која, разголена но не и силувана, виси во својот стаклен кафез, додека ергенот под него ја дроби својата чоколада, Дишан е изолиран и сам со својата голема уметност која ја сметаше за не-уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дури и ако постоењето на тие демагошки наци-неандерталци (сè уште доминантни по кулоарите на смрдливиот пазар кај што всушност рибата се дели!) е некаков историски фатум, трагично е непо­сто­ењето на малку полуциден и посовремен „културен” (уметнички) став кај помладите, трагично е непостоењето на поснажни субверзивни струења во уметноста која речи­си и не е ништо друго освен пресметка со конвенциите, морализмот и демагогијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во едно интервју од 1968-та тој отворено рече: “Параболата за палата е парабола за уметноста која постои во својата сопствена рамнина и не & е дадено да се бави со стварноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислам, ако уметноста е совршена, тогаш светот е одвишен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку што се сеќавам, ако песната е совршена, тогаш нема потреба за палата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Освен тоа, мислам дека поетот никогаш не може да се мери со стварноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)