Наменети за уништување жива непријателска сила од близина, во ровови, засолништа и заседи. (Ја отвора другата страна.) Бојни отрови: нервно-паралитички, пликавци, задушливци, крвни, психо-хемиски, сарин соман, табун, иперит, луизит, фозген, дифозген, цијано-водородна киселина и хлор-цијан.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)