усовршување (имн.) - за (предл.)

Останати промени во сферата на отказите, воведени со носењето на ЗРО (2005) се следниве: •  кај листата на неосновани причини за отказ даден од страна на работодавачот (чл. 77, ЗРО/05), симптоматично е тоа што, намерно или 37 не, е испуштено „стручното усовршување за потребите на работодавецот“ (чл. 121, ЗРО/03 – Пречистен текст), што наведува на заклучокот дека оваа причина од неоснована е трансформирана во основана – т.е. дека работодавачот, во овој период, кога работникот се доусовршува, може „оправдано“ да му даде отказ!?; •  воведена е можноста работодавецот наместо да го „избрка“ работникот поради лични причини на вина, да му изрече парична казна поради дисциплинска одговорност – во износ кој не може да биде поголем од 15% од последната исплатена месечна плата, и тоа во траење од еден до максимум шест месеци (чл. 84, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)