Оти кажано е: оној кој не се грижи за своите маани, се занимава со усовршување на мааните кај ближниот свој.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Веројатно духовниот дел на човекот – душата, треба да биде предмет на тоа воздигнување и облагородување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сегашната наша интелигенција треба да го посвети сето свое работење над моралното и умственото усовршување на својот народ и создавање на една идеална македонска интелигенција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Суштината на ваквите учења е во тоа дека животот во овој свет ѝ служи на некоја повисока цел, која не е лесно да се одгатне, но која несомнено значи усовршување на човечката природа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)