уста (имн.) - кој (зам.)

Со песната и светулки излегувале од нејзината уста која ја полнеле собата од душемето до таванот и излегувале низ пукнатините на џамот, надвор, во ноќта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ја извлече десната рака од џеб и без колебање нанишани, не нанишани, го дигна револверот во висина на нивните невидливи усти кои што рекоа халт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)