уста (имн.) - на (предл.)

Од таков систем, социјализмот одамна веќе беше избегал, како изгорен од пламени јазици, кои само што се зададоа од подотворената уста на капиталистичката демократија, ги натераа на бегство и младите од својата сакана земја Македонија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја разбираше величината на татковата жртва, но чедата со кои мина низ толку бури и војни, тие мајкини рожби, што не ѝ ги зедоа војските, сега требаше да се фрлат во устата на волкот, на тоа проклето Кале што ќе ги изеде козите, токму како во приказната за козата на господин Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога Султана се наведна над лулката, виде во устата на Гоцета бело како бисер запче.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но да не жалиме за височините, ќе живееме долу со истите сказни и параболи, и со онаа неумитна надеж, дека еден ден, во една ваква квечерина, пак ќе се искачиме, како пасмо пареа, модар здив од устата на долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Содржината од едната епрувета веднаш ја истурив во веќе измешаната и приготвена International Postal Art Soup, додека содржината од другата епрувета си ја истурив себеси в уста, а потоа со помош на системот уста на уста содржината му ја предадов на Lazer, од што овој „воскресна”, застана на масата, а потоа го истури црвеното вино врз масата цитирајќи познат дел од библијата: Јадете, ова е моето тело, пијте, ова е мојата крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако го најдам, ќе ви постелам бело зглавје за да се доспиете во главата на последниот од последните оџачари скопски, насмеана меѓу устите на покривите и последните снегулки на светлината, кои паѓаат во устите и веднаш се топат, како сладок панаѓурски памук на стапче.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
2. Јас лично сметам дека е соблазнувачко девојчиња да се учат дека нивниот статус зависи од вкусот што можат да го предизвикаат во устите на момчињата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Змијо само допрена со топлата дланка како со уста на уморен скитник, на дното на пладнето ги свлекуваш боите за летниот љубовен напиток.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А логотетот тогаш заповеда да се донесат тринаесет книги и тринаесет калеми, за да се озакони и на писмо волјата Божја што проговори низ устата на Стефан Лествичник и низ устите на сите нас, дванаесет на број и логотетот, тринаесетти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ што сум мислел низ годините, тајно, од страв од Лествичникот, сега излегуваше од устата на Филозофот; како мојата душа да говореше со неговата уста, како да се служеше со јазикот негов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И угодно ѝ беше тврдењето такво на власта, оти устите на ласкавците милозвучни, а ушите на власта милочујни се секогаш, но нишан никаков за тоа дека тоа е точно немаше, ами напротив: сѐ послаби во умот стануваа поколенијата царски, сѐ послабоумни наследници се раѓаа и родот се расипуваше, од колено во колено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А, да му цути устата на тој што нарачал! (Го подбуцнува Митрета). Убава работа било вака...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За Ели денот почнуваше со песнички, што како да извираа од устата на Вера, со топол појадок, со безброј сликовници и книшки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ја сретнав и приказната за јарето и ѓаволот, за ангелот и името Божјо, слушна од устата на Ване Мицо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гулабите ги криеја главите под крилјата и така исчезнуваа во устите на лисиците и на невестулките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Последното се чини беше најверодостојно, зашто доаѓаше од устата на Мара Банџорка, најблиската сосетка на Кијмет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но тоа име во очите и устата на Грците имаше уште специјално значење: најомразени за нив варвари, луѓе необразовани, груби, коишто граничат со ѕверовите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прстот во устата на продавачката беше израз на чудење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се умирало и веќе се немало сили да се копаат гробови: откако се договориле уште во Лесново да се здружат, тие и сите во Кукулино во дваесет воденици, требало да се мисли и да се предвидува дека дел од маката на живите ќе станат и гладните детски усти на некои од загинатите, бездруго на Јане Крстин, Пеце Дановски и Борис Калпак, а најмногу купот штури наследници на килавиот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш кога Сандре Самарија ќе зинеше се закануваше дека ќе се обеси ако не е прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, по еден час од поаѓањето на Арсо Арнаутче и на Цветко Грнар, пошле еден по друг по пролокан пат и луѓето со двоколките, повеќето со надеж дека враќањето ќе помине без жртви иако двајца или тројца понекогаш загрижено погледнувале кон постариот тревар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се бесеше и докажуваше невозможности: месечината е глава со очи и уста на некој господ, во големите реки живеат луѓе со жабри, мраморната жена без нос што некој ја ископал зад гробиштата на Кукулино еднаш ќе оживее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А најчестиот збор во устата на Ружа беа зборовите курва, распуштеница и сето тоа како сигурен баксуз и несреќа во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За тоа време капка по капка го преточуваше секој збор кажан од устите на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Светлана, веста за нечесноста на својата ќерка директно ја слушна по телефон, од устата на Анѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одамна ниедна од сосетките не ѝ отвораше врата. Велеа дека е вештерка и тоа од уста на уста се пренесуваше низ сокакот, па и пошироко. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мадам Рада Мојот практичен ум цел ден ме тера да мислам дека можеби е време, и тоа крајно, да вметнам нова шифра на дејност во мојата фирма загубар, која нема да бара многу средства за вложување, а маркетингот ќе го прави самата задоволна клиентела, по принцип „од уста на уста“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од уста на уста, прикаската стаса до Поп - Пауна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не давај му да дојде близу до туѓинските нишани, нека се крие зад камењата и нека не трча во устата на ѓаволот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гадна уста на гадна глава. Изменет е. За ништо непотеглив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам ама не можам да му земам од уста на другите. На сите им се јаде. Сите еднакво ме болат, болка да ме отреби!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затни му ја устата на оној таму! Гранатом упали му цигарету! Разумем.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Затвори му ја устана на дерлено, вели Доксим Тренчески, не знаеш кој ќе го чуе гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На здравје, вели Григор и го вади јајцето од устата на Витомира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можете ли да доживеете поголемо разочарување, поголема несреќа од таа што ја гледате и слушате од устата на вашите браќа кои исто така со денови, со ноќи, со векови се подготвувале за бегство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Застана спроти човекот без брада, а потоа, на знак на офицерот, застрашувачки замавна со сета сила право во устата на човекот без брада.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лицето на ситната жена со песочна коса беше добило јасно црвена боја, а нејзината уста се отвораше и се затвораше како уста на риба на суво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки укажувајќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
И како прва буква аз, дадена од Бога на словенското племе за да се отворат устите на децата при учењето на разумот преку буквите, тоа се произнесува со широко отворање на устата, а другите букви се произнесуваат со послабо отворање на устата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Сигурно и тој му зее во устата на деда си.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Големата уста на земјата ме прогонува Ѝ застанувам пред портите на Зборот Што ме проголтува Што ме именува Во именка на стравот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И пак почна да се гали со детето: „Мори, милата уста на мајка!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јаготките беа зрели и црвени како крв и во устата на Трајчета се топеа како маст.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И не треба да ја има од оваа перспектива од којашто покажува само еден образ, тркалезен и густ со обеспокојувачки пространата уста. Уста на небо.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Единствена работа која им недостасуваше на немите филмови беше звукот, кој би излегувал од устата на актерите, и шумовите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не го заборавија ниту гулабите кои ги јадеа трошките што паѓаа од устите на скитниците и бездомниците.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потоа седнаа да јадат, но Ѓорѓија не можеше да престане да гледа во устата на Французинката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред да експлодираат кокичињата Се лизнав и паднав и станав и со лопата го фрлав снегот преку рамото на улицата* тркалото шлајфуваше* во машината за перење алишта се цедеше потта од мишките на улицата и смрдеата од устата на ѓубреџиската кола чие тркало шлајфуваше во длабокиот снег* децата дојдоа со везени пиперки и со друг зарзават и со тенџере и со метла небаре ќе прават вештерка а не***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Глеј, бре, тревата се раззелени, цвеќето расцути, лисјето треперат, ластовичките летаат, билбилот се растури од пеење, потоците се наполнија вода, пчелите се разиграа во устите на цвеќињата, ментата мириса, а ти само - другар политкомесар тој и тој рече вака и вака, кодошиш, плукаш, се фалиш лево и десно демек непријателот го уништивме, му убивме и му ранивме толку и толку, а наши како да нема...како, бре, нема?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веднаш до неговите нозе сѐ уште зјае во мракот големата уста на гробот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но јас бегајќи од лисицата, се најдов пред устата на волкот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Последни на Деспина ѝ честитаа зетот Михали и Милка, тетките Сава и Танаска редејќи подароци врз нејзините рамена, помалите сестри Митана, Василка и Елеонора ја прегрнуваа и ја бакнуваа, а кога пред неа застана мајката Роса, Деспина се наведна и ѝ бакна десна рака при што малечките очиња на Пела забележаа како нешто се префрли од дланката на баба Роса во дланката на дада Деспина, ама и објаснувањето дојде од устата на баба Роса која со растреперен глас надвладеа над вревата Ва лирта, мајкина, у р′кта ми а стави мојта мајка а у нејнта нејнта мајка на ваков ден за срејќа зравје и ск′па љубов! и сега она се посегна и ја избакна ќерка си во двата образа измешувајќи си ги истовремено и солзите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се исправа, се наведнува и долго ја држи својата уста врз устата на Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така некако ѝ е наместена устата на Воскресија Мукаетова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му ја затна устата на Зисо Делевски, што се вели, му ја фати раката да не фрла кал по мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби, берејќи ги маслинките, префаќајќи ги со прстите, помислуваа дека некоја од нив ќе дојде и до устата на нивните татковци што војуваа некаде во незнајни земји.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Применувам поинаква тактика, што ја имам наречено „уста на уво“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)