утро (имн.) - е (гл.)

По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ЈАКОВ: Да се запознаеме! (Божо ја отвора вратата. На прагот стои Јаков. Шарено облечен. Црни очила. Саксофон околу вратот.) Добар ден. БОЖО: Утро е.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Си доаѓам на себе. Утро е, сонцето влегува низ прозорецот во одајата, лази врз веленцето и влакненцата светкаат со најразлични бои.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сѐ е осветлено како на Сведен, Во воздухот лелее глас молитвен Утро е.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Браво: Па што, утро е. Време кога ноќните птици се враќаат дома. На спиење.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)