ученик (имн.) - од (предл.)

Есента пак се отвори училиштето и Крле разбра дека Стојан Жиовчев, Трајко Мидмов, Трајко Јанов, Божин Попов и други свршени ученици од IV одделение и I клас ќе одат во гимназија во Прилеп, каде што се отворил пансион.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Настапи летниот распуст... Учениците од околните села си отидоа по своите куќи...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од тоа поминаа пак на громка, но безрезултатна пропаганда во Македонија: им изнаветија на Македонци, млади ученици од бугарски и грчки училишта златни гори за во Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, тој сепак направил мал превид: во 1889 год. сепак избегале само мал број македонски студенти ученици од Белград во Софија, додека големата група за којашто зборува тој овде, ја напуштила Србија на почетокот на февруари 1890 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Автобусот пристигна. Секој од учениците од депото на автобусот ја извлекуваше својата торба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ги ставам рацете на грбот ќе се прошетам низ собата и ќе викнам: „Бошко Стојчев ученик од второ одделение е одличен. Најдобар е во одделението“.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Таму учениците од нашето училиште секогаш на денот на востанието носат цвеќе...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А сакав да доживеам нешто несекојдневно што учениците од гимназијата не доживеале и не ќе доживеат со нивната глупава покорност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Учениците од основните училишта и средношколскиот центар во Неготино успешно ја изведоа еколошката акција „Младите за здрава природна средина“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)