Сакаше утре в училиште да има најубаво маче а мајка ѝ знаеше да црта многу убави мачиња.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- А што сакаш да правиш? - Јас, сакам, едно училиште да отвориме таму.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако го знајш англискиот, ќе можиш многу бргу да се снајдиш. Можеби во некое училиште да предаваш?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Детството и училиштето да ѝ бидат радост како за самата неа така за тебе и за мајката Перса!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Училиштето да се дислоцира? Сообраќајот да се пренасочи?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Учена во училиштето да ја сака Франција, низ францускиот јазик, низ божјите пораки, пренесувани од светите лазаристи, со лаичката варијанта, Мајка всушност ја засакува Италија, како земја на својата втора мајка Клементина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога се одделив од семејството, формирајќи го сопственото, не отстапувајќи од правилото по завршеното средно училиште да се даде извесен влог во семејството, се вработив како новинар и продолжив, од своите хонорари кои ги добивав, да одделувам за моите родители.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)