Според разговорите што ги водев подоцна со старите жители на селото, во Маказар немало семејство Боте, та заклучив, што набрзо од хартиите и ми се потврди, дека учителот веројатно бил од друго место, донесен можеби специјално од Никола Поцо за да држи училиште на народен јазик и, во тој случај, можеби и живеел во еден дел од куќата на трговецот, та тука останал и неговиот ракопис, спастрен подоцна од семејството Поцо во лимената кутија која, очигледно заборавена, стоела во дупката на ѕидот од потонот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во почетокот на оваа учебна година учителот веројатно насети нешто и ни наредни повторно да ги прередиме клупите и да се разместиме меѓу себе: - Не сакам да чујам за тие ваши поделби: горномаалци, долномаалци, - рече намуртен.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)