Госпоѓата Гологанова, насмеана, веројатно повеќе од учтивост кон домаќинот одошто од љубов кон кучето, се наведна со намера да го погали по главата, но кучето ѝ се назаби и згрче отстапувајќи само чекор, при што зазеде понападна положба.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Авторот во недоумение, додека Рики правеше сос за макароните што ги имаа за ручек, почна да го чита текстот повеќе од учтивост кон пријателката одошто да очекуваше да биде заинтересиран од тоа што веќе го читаше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)